Најдобриот светски рекет, Новак Ѓоковиќ ја дополни листата на тенисери кои решија да не настапат на овогодинешното издание на Мастерсот во Мајами.

„Одлучив да го искористам ова време за да бидам со моето семејство. Треба да најдам рамнотежа за времето поминато на турнирите и со семејството.“ – изјави Ѓоковиќ.

На турнирот во Флорида кој ќе започне следната недела нема да учествуваат и Федерер, Тим, Медведев, Надал и Циципас.