Новак Ѓоковиќ  е дваесеткратен Гренд слем шампион!

Српскиот тенисер ја освои титулата на Вимблдон откако во финалето на најелитниот турнир го победи Италијанецот Матео Беретини со 6:7 (4), 6:4, 6:4, 6:3.

На Новак му беа потребни три часа и деветнаесет минути за да победи.

Ѓоковиќ го освои 20-от Гренд слем трофеј, израмнувајќи се со Роџер Федерер и Рафаел Надал на врвот на вечната ранг-листа.

Србинот сега има два најважни рекорди во сопственост – бројот на трофеи од најголемите турнири и бројот на недели на врвот на АТП-листата.

Србинот триумфираше во Лондон по шести пат во кариерата.

Тој ја постигна 21-та последователна победа на терените на „Ол Ингланд“ клубот и 21-та по ред на Гренд слем турнирите оваа сезона.

Ѓоковиќ го продолжува својот марш кон календарот на Гренд слем.

Актуелниот шампион на Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон,останува да го освои уште  УС Опен и со тоа да ги освои сите Гренд Слем турнири во една календарска година.