Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, денеска ја започна  332 -та недела на врвот на АТП листата.

На најновата листа, Ѓоковиќ има 12.113 поени, втор е Русинот Данил Медведев (10.370), а трет Шпанецот Рафаел Надал (8.270).

Меѓу првите десет, немаше промени, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го задржа четвртото место, додека олимпискиот шампион, Германецот Александар Зверев, е на петтата позиција (7.475), а Доминик Тим сеуште е шести во рангирањето.

Андреј Рублев остана на седмото место, во Топ 10 се и Матео Беретини, Роџер Федерер и Денис Шаповалов.