Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, по победата во Дубаи прецизно ја искажа својата желба за оваа сезона.

„Една од моите задачи во тековната сезона е да ја пројдам без пораз. Се шегувам…па всушност и не се шегувам.

Да не одиме премногу напред. Секако, со секоја наредна победа јас сум се посигурен и со зголемена самодоверба и со голема желба го очекувам следниот меч. Но, ајде да не брзаме“.

Во тековната сезона Ѓоковиќ одигра 21 меч и сите ги доби.