Вториот светски рекет и 16-кратен победник на Гренд Слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, одговори на прашањето со што би се бавел, доколку не би бил тенисер.

„Добро прашање. Јас секако би се бавел со спорт, бидејќи потекнувам од спортско семејство. Најверојатно би се бавел со скијање. Порано многу одев на скијање, а и татко ми беше професионалец во овој спорт, како и добар дел од моето семејство. Така да, ова време ќе бев на некоја планина во Европа“.

 

Ѓоковиќ е во Мелбурн каде ја брани титулата на Австралија Опен.