Србинот Новак Ѓоковиќ има импресивна кариера, тој е 286 недели на врвот на АТП листата, Федерер е рекордер со 310.

Ѓоковиќ сепак како главна цел до крајот на кариерата има друг приоритет, не бројот на недлите  на АТП листата.

„Главна цел ми е да го срушам Федерер, но не по бројот на неделите на врвот на АТП, сакам да го симнам од врвот по бројот на освоените Грен слем титули“ – изјави Ѓоковиќ во Рим.

Србинот има три Грен слем титули помалку од Федерер, Швајцарецот има 20, Надал 18, додека Ѓоковиќ вкупно 17 титули на големите турнири.