Новак Ѓоковиќ не само што ја задржи лидерската позиција на АТП рангирањето по освојувањето на Австралија Опен, туку ја задржи и предноста во однос на Надал од 2180 поени.

Ѓоковиќ денеска ја започна 308 седмица на врвот на АТП ранггирањето и доволни му се уште два понеделници на врвот на АТП рангирањето за да го собори рекордот на Федерер.

Во првата десетка на АТП рангирањето единствената промена е онаа на Медведев кој напредуваше на третото место додека сега четврти и Доминик Тим.

Кај дамите Осака напредуваше на второто место, Халеп сега е трета, на првата позиција останува Ешли Барти.