Новак Ѓоковиќ се извлече од пораз и иако важеше за супер фаворит против Лоренцо Мусети убаво се намачи за пласман во четвртфиналето.

Србинот губеше по првите два сета против мотивираниот Мусети кој ги доби првите два сета со 7:6, се чинеше дека Ѓоковиќ е пред пораз, но се случи спектакуларен пресврт.

Ѓоковиќ и во петтиот решавачки сет поведе со 4-0, Италијанецот беше пред пораз но се реши да го предаде мечот. Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против Беретини кој без борба го помина Федерер.