Србинот Новак Ѓоковиќ денеска против Швеаѓенцот Микаел Имер тргнува во поход на нови рекорди во опен ерата.

Доколку победи на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ ќе испише историја во светскиот тенис, никој од 1968 година до денес не успеал да победи по два пати на секој Грен слем турнир.

На Ѓоковиќ му се даваат големи шанси да победи на Ролан Гарос 2020 иако Рафаел Надал е „крал“ на земјена подлога, ќе се игра со нови топчиња од фирмата Вилсон, подлогата ќе биде побрза бидејќи овој турнир се игра во специфичен период и „нелогичен“ за Отвореното тениско првенство на Франција.