Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Рафаел надал со 3-1 и по втор пат обезбеди финале на Ролан Гарос.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 3-6 што беше лош сигнал, во вториот врати со идентични 6-3 и го отвори патот кон пресврт. Следните два ги доби со 7-6 и 6-2 и закажа финале со Циципас од Грција.

Инаку вториот полуфинален меч траеше исцрпувачки 4 часа и 13 минути.

„Ова беше еден од најдобрите мечеви, најдобра атмосфера на која сум играл на Ролан Гарос против мојот најголем ривал. Дефинитивно ова е еден од моите најдобри три меча во кариерата“, изјави Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Стефанос Циципас кој беше подобар од Александер Зверев.