Моментално најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ задоволен после освојувањето на титулата на Австралија опен. Србинот ја освои својата 18-та Гренд слем титула, откако го совлада Данил Медведев. После мечот Русинот со пофални зборови говореше за Ѓоковиќ.

„Би сакал да возвратам на убавите зборови на Данил. Одлично момче си, повторно покажа зошто. Порано повеќе се дружевме, трениравме заедно. Но, веќе не ме бараш. Мило што мислиш убаво за и понатаму“- низ насмевка изјави Ноле.

„Навистина Данил е добра личност. Еден од најтешките ривали со кои сум ги имал во кариерата. Прашање на време кога ќе освоиш Гренд слем. Сепак, се надевам ќе почекаш неколку години. Уште еднаш честитам на 20-те понеди во низа во последните неколку месеци“– изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го одигра своето деветто финале во Мелбурн и ја оствари деветтата победа. Титулата уште повеќе добива на тежина ако се знае дека во третото коло Србинот доживеа повреда.

„Сега, му благодарам на мојот тим. Како и на оние кои се дома, на родителите, сопругата, децата. Беше ова ролеркостер, особено последните недели. Посебна благодарност до Ули, кој се погрижи да можам да играм. Вечно сум ти благодарен“– кажа Новак.

„Многу помешани чувства имам во врска со она што се случи последните месеци. Веше ова успешен турник, сакам да му честитам на организаторот. Не беше лесно. Беше предизвикувачки на повеќе нивоа. Треба да видете горди. На крајот, сакам да му се заблагодарам на овој терен. Го сакам се повеќе секоја година. Љубовната врска продолжува“– заврши Ноле.