Американскиот спортски новинар специјализиран за тенис, Тони Корнхајзер, вели дека осмата титула на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен не го убеди дека Србинот е најдобриот тенисер на сите времиња.

„Не го сменив своето мислење. Тој има 17 Гренд Слема, Надал 19, а Федерер дури 20. Освен тоа, познато е дека за тенисерите најважни турнири се Вимблдон и УС Опен, потоа е Ролан Гарос, па дури на четврто место е Австралија Опен.  Ѓоковиќ има 8 титули од АО и вкупно само 8 од Вимблдон и УС Опен. Федерер ги има 13 на овие два Гренд Слема“.

Во финалето на Австралија Опен Ѓоковиќ го совлада Доминик Тим во пет сета.