Вториот Грен Слем турнир во оваа сезона, „Ролан Гарос“ стартува од понеделник.

Српскиот тенисер Новак Ѓoковиќ ќе игра во првото коло на „Ролан Гарос“ против американскиот тенис Сандгрен, одлучено е денес со ждрепка во Париз.

Бранителот на титулата, Шпанецот, Рафаел Надал е на истата страна од ждрепката како и Ѓоковиќ, па оттаму се големи шансите тие да се сретнат во полуфиналето.

Надал, инаку рекордер на Ролан Гарос со 13 титули, во првото коло ќе игра против Австралиецот Алексеј Попирин.

Во истиот дел од ждрепката е и Швајцарецот Роџер Федерер, кој во првото коло ќе игра против тенисерот од квалификациите.

Првата тенисерка во светот, Австралијката Ешли Барти, ќе игра против Американката Бернарда Пере.

Бранителката на титулата, Ига Швјонтек, ќе започне да го брани трофејот против Каја Јуван од Словенија.