Опасноста која го демне светот поврзано со Коронавирусот (COVID19) е причината поради која организаторот на првиот тенискит турнир од серија 1000 за оваа календарска година, Индијан Велс да го одложи стартот.

Во Калифорнија е прогласена вонредна состојба па организаторите одлучија да ги следат препораките на медицинските лица и да го одложат турнирот.

Тие влеат дека се разочарани што морале да ја донесат оваа одлука но дека мора да се мисли на здравјето на сите кои требаше да бидат инволвирани на овој Мастерс.

Индијан Велс требаше да започне на 12 март и да заврши на 22 март. Следен турнир од серијата 1000 е Мастерсот во Мајами кој треба да се игра од 25 март.