АТП Мастерсот во Мадрид нема да се одржи, причина е коронавирусот, потврдија организаторите.

Турнирот еднаш веќе беше одложен, потоа презакажан за септември, но пандемијата од Ковид-19 не дозволи да се одржи АТП и ВТА Мастерсот од серијата 1000.

Се уште е голема заканата за здравјето на сите, па затоа организаторите  не сакаат да се стават под непотребен ризик.