Мечот меѓу Јапонката Наоми Осаки и Бјанка Андреску од четвртфиналето на турнирот во Пекинг е прогласен за најдобар натпревр во женска конкуренција во тековната 2019 година, според ВТА.

Јапонката славеше на овој дуел со 5:7, 6:3, 6:4, а на крајот и ја освои титулата, откако во финалето беше подобра од Австралијката, Ешли Барти, која пак годината ја заврши на првата позиција на ВТА листата.

Во листата на 5 најдобри дуели во ВТА за оваа сезона се најдоа уште мечевите на Сабаленка-Возниацки, Бенчиќ-Осака, Барти-Квитова и Халеп-Андреску.