Јапонската тенисерка Наоми Осака одлучила да се откаже од американското државјанство за да може на Олимписките игри да ја претставува Јапонија.

На јапонските медиуми таа им соопштила дека ја започнала правната процедура пред својот 22 роденден кој ќе го прослави идната недела.

Како што наведуваат медиумите, законот во Јапонија предвидува сите кои имаат двојно државјанство мораат да се одлучат за едно до својата 22 година.

„Сакам на Олимписките игри да ја претставувам Јапонија. Верувам дека ќе играм со повеќе емоции и гордост.“ – изјави во моментов третата тенисерка во светот.

Олимписките игри се закажани за идната година во Токио.