Ѕвездата на Барселона, Жерард Пике е еден од виновниците за промената на системот во тенискиот Дејвис Куп.  Дејвис Купот се игра следната седмица во Мадрид, а шпанскиот репрезентативец изјави дека овој турнир ќе биде побогат со најдобрите двајца тенисери на светот, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои имаат ситнит повреди, по Мастерсот во Лондон каде не се прославија.

„Се грижам и сакам турнирот да почне што побрзо. Се надевам дека Надал ќе може да игра следната недела, но и Ѓоковиќ кој има проблеми со лакотот. Поминавме долг пат, завршивме добра работа, се надевам дека ќе имаме среќа да ги гледаме двајцата во Мадрид“, изјави Пике.

Дејвис Купот сезонава е историски, бидејќи за прв пат во долгата историја овој турнир со голема традиција ќе се игра во нов формат.