Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Американецот Пит Сампрас изјави дека тој и Новак Ѓоковиќ се многу слични.

Српскиот тенисер пак во почетокот на својата кариера изјавуваше дека играчот од САД е неговиот идол.

„Можам да кажам дека Новак и јас сме слични. Тој е како мене, една среќна личност. Двајцата уживаме да бидеме на теренот, веројатно затоа што доаѓаме од земји каде претходно немало тениски идоли. Двајцата моравме многу да работиме, можеби и повеќе од останатите за да стигнеме до врвот.“ – изјави Сампрас.

Американскиот тенисер имаше коментар и за Рафаел Надал за кого тврди дека дава се од себе за да стигне до победа.

„За него не постои компромис.“ – додава Американецот.

Сампрас има освоено 14 Грен слем трофеи, а се пензионираше во август 2003 година.