Андрес Химено, еден од најдобрите шпански тенисери почина во Барселона на 82 години.

Тој е најпознат по освојувањето на Ролан Гарос на 34 години во 1972 година.

Химено по кариерата отвори тениска академија, а по веста за неговата смрт се огласи Рафаел Надал.

„Ми пренесоа тажни вести за смртта на Андрес Химено. Без никакви сомнежи беше еден од пионирите на шпанскиот тенис и голем спортис. Сочувствувам со неговото семејство. Почивај во мир.“ – напиша Надал на Твитер.