Третиот светски рекет, Роџер Федерер, поради операцијата на коленото ќе ги пропушти сите турнири до тревнатиот дел од сезоната.

За време на рехабилитацијата тој ќе загуби дури 3180 бодови од својот рејтинг, бидејќи нема да ги брани: 1000 поени од турнирот во Мајами, 720 од Ролан Гарос, 600 поени од Индијан Велс, 500 од Дубаи и по 180 поени од Мадрид и од Рим.

Федерер сега има 7130 поени што значи дека ќе загуби дури 45 % од својот моментален рејтинг.

И покрај тоа, Федерер би требало да остане во Топ 10, со преостанатите 3950 поени.