Поранешната југословенска тенисерка Јелена Докиќ не ја исклучува можноста да се врати на спортот. За време на својата кариера таа настапуваше за Југославија, потоа за Србија и Австралија. Три пати играше четврфинале на грен слемовите, а беше и четврта во светот.

Докиќ се повлече од тенисот во 2014 година, а неодамна по нејзиниот 37 роденден, истакна дека размислува за повторно враќање на теренот.

„Секогаш велам „никогаш не вели никогаш“. Играв натпревар на легендите оваа година на Австралија Опен прв пат по пензионирањето. Играв доста добро, дури и волеи, па беше добро да се вратам на теренот и да играм тенис.Би сакала да добијам шанса да се вратам на теренот, дури и ако тоа е само до дубл или за време на средбите на легендите.“ – истакнува Докиќ за австралиски „Nine“ која верува дека оваа година може да заигра во Австралија.

Таа смета дека поради ситуацијата со коронавирус долго време нема да има меѓународни патувања и тенис, но се надева дека ќе се појави на некои домашни натпреварувања во Австралија.