Доминик Тием тактизираше и  чуваше сили, загуби од Матео Беретини во натпревар без резултатско значење во Лондон.

Австриецот имаше импресивен старт на завршниот турнир, ги победи Федерер и Ѓоковиќ и обезбеди полуфинале,  на денешната средба загуби од Беретини со 2-0, по сетови 6-7 и 3-6.

Беретини го искористи тактизирањето на Тием, запиша прва победа во Лондон по 78 минути игра.