Со зголемување од осум отсто во однос на минатогодишниот награден фонд, организаторите на УС Опен најавуаат рекордни 57 милиони долари кои ќе бидат поделени меѓу учесниците на четвртиот овосезонски грен слем.

Освојувачите на машкото и на женското финале во сингл конуренција ќе заработат по 3 850 000 долари. За победниците во дубл конкунрецијата наградниот фонд е 740 000 долари. Ова ќе влезе во историјата на тенисот како најголем буџет на грен слем турнирите.

УС Опен оваа година ќе започне на 26 август а ќе заврши на 8 септември, Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака ќе ги бранат титулите во двете најважни конкуренции.