Дејвис Купот кој се одржува во Мадрид полека но сигурно го добива својот расплет. Денеска на програмата беа три дуели од групната фаза.

Во А групата, Србија ја совлада Франција и се пласира помеѓу осумте најдобри, а таму ќе игра против Русија. Подобриот од тој дуел во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Австралија и Канада.

Победниците од пресметките меѓу Шпанија и Аргентина, односно дуелот Велика Британија и Германија ќе го сочинуваат втората полуфинална пресметка.