Со ждребот во Сиднеј беа одредени групите за премиерното издание на АТП купот кој за првпат ќе се одржи во јануари следната година. Најинтересна се очекува да биде групата Д, која ќе се игра во Перт, а во неа ќе се сретнат репрезентациите на Русија, Италија, САД и квалификант.

Дел од турнирот ќе биде и првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, кој со својата Србија во групата А ќе се сретне со Франција, Јужна Африка и Квалификант. Покрај Србинот, боите за своите репрезентации ќе ги бранат и неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои ќе настап за Швајцарија, односно Шпанија. Швајцарија е во група со Белгија, Велика Британија и квалификант, додека Шпанија ќе ги одмерат силите со Јапонија, Грузија и квалификант. Сите репрезентации во групната фаза ќе одиграат меѓусебе два сингл и еден дубл меч, а во завршницата ќе се пласираат најдобрите од секој сегмент, и двете најдобропласирани втори репрезентации. Турнирот е на програмата од 3. до 12. јануари и ќе се игра во три австралиски града (Бризбејн, Перт и Сиднеј).