На тенискиот турнир во Токио на радост на домашните навивачи се случи своевидна сензација, откако за прв пат во 47 години од овој турнир двајца Јапонци ќе играат во четврфинале.

За тоа се потруија Даниел и Учијама кои изненадија во дуелите против Томсон, односно Албот. Овој датум ќе остане запаметен во тениската историја на Јапонија, а за пласман помеѓу 4 најдобри Даниел ќе се бори против Милман, додека Учијама ќе игра против Опелка.

Во преостанатите две четврфинални пресметки ќе се сретнат Гофан и Чунг, односно Ѓоковиќ и Пуј.