Милош Раониќ дефинитивно нема да биде дел од овогодинешното издание на последниот овосезонски Грен слем, УС Опен.

Канаѓанецот по онаа повреда на Роџерс Купот поради која мораше да го предаде мечот со Феликс најави дека ќе биде подготвен за настап во Њујорк но очигледно повредата бара повеќе време за рехабилитација.

Тој во првата рунда на УС Опен требаше да игра против Николас Жари но неговото место ќе му припадне на Камил Мајчржак.