Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер вчера го одиграа еден од најдраматичните  и најспектакуларните мечеви во тенисот на сите времиња.  Финалето на Вимблдон му припадна на Ѓоковиќ со 3-2 по пет часа чудесна игра.

Ѓоковиќ со оваа победа заработи големи пари. Победникот на Вимблдон доби чек со вредност од  2,983.748 долари, иако имаше две меч топки, Федерер не победи, заработи „само“ 1,491.874 долари.

Новак Ѓоковиќ е рекордер по заработката меѓу тенисерите, досега во кариерата стигна до сума од над 130 милиони долари.