Освојувачот на УС Опен од 2003 година, Енри Родик го прогнозираше расплетот на последниот овосезонски Грен слем во машка конкуренција.

„Јасно е, главни фаворити за осовјување на УС Опен се Новак и Рафа. Федерер по поразот во финалето на Вимблдон има потреба од публиката за да дојде до посакуваните победи. Ако помине добро во првата недела ќе има шанси за трофејот. Се ќе знаеме по четвртфиналињата.“ – изјави Родик.

Родик признава дека е изненаден од доминацијата на водечката тројка на АПТ листата но истовремено тврди дека овие тројца и натаму се без конкуренција.