Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер без поголеми проблеми се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, совладувајќи го Марин Чилиќ со 3: 1 во сетови, беше 6:2, 2:6, 7:6, 6:2. Натпреварот траеше два часа и 38 минути.

Швајцарецот можеше побрзо да ја заврши работата, но падот на концентрацијата  во вториот и третиот сет ја натера публиката во Париз да гледа вистински дуел.
Федерер водеше со 3:0 во третиот сет, имаше и 0:40 со водство од 3:1, но Чилиќ успеа да се врати во сетот но го загуби во тај-брејкот.

Во четвртиот сет Федерер ја подигна играта на повисоко ниво, Хрватот целосно падна, па немаше дилема околу победникот.

Следен противник на Роџер Федерер ќе биде Германецот Доминик Кепфер.