Организаторите на Ролан Гарос не се откажуваат од идејата Грен Слемот во Франција да се одигра во септември годинава, а според последните најави тој може да се игра и пред публика.

Претседателот на тениската федерација на Франција, Бернар Жудичели вели дека е горд што успеаа да се изборат со Коронавирусот и турнирот повеќе од сигурно ќе се одигра во септември.

„Разговараме со АТП, ВТА и ИТФ. Го избегнавме најлошто кога одлучивме да не го откажеме турнирот. Најважно е што турнирот ќе се одржи и што ќе бидеме тука за љубителите на тенисот. Го зачувавме најважниот турнир на земја. План е турнирот исто така да се игра пред полни трибини“- изјави Жудичели.