Најпрестижниот тениски турнир на земја, Ролан Гарос ќе се одржи во септември и тоа со публика, потврдија организаторите.

Претседателот на тениската федерација на Франција, Бернар Жудичели потврди дека овој Грен Слем турнир ќе се одржи од 20 септември до 4 октомври и тоа со публика.

„Го избегнавме најлошто, нема да има откажување, ќе доцниме неколку месеци, но Ролан Гарос годинава ќе се игра и тоа со публика, нема да биде комплетен капацитетот но публика ќе има “ – изјави Жудичели.