Француската Влада ја разгледува можноста поради третиот бран на коронавирус да го одложи почетокот на Ролан Гарос.

Иако изминативе денови се разгледувала можноста турнирот да се откаже или да се помести за некој датум подоцна во текот на годинава, сепак толку драстични мерки нема да бидат спроведени.

„Разговорите се во тек со организаторите за сите модели, особено оние кои се однесуваат за публиката. За сега се разговара за одложување на почетокот од неколку дена.“ – изјавила портпаролката на Министерството за спорт за АФП.

Поради растот на новозаболени Франција од 19 март е во локдаун во времетраење од четири недели.