Организаторите на тенискиот гренд-слем турнир Роланд Гарос денес излегоа со прекрасни вести односно со одлука овогодинешното издание на турнирот да се игра со публика.

„ Донесовме одлука капацитетот на трибините да биде исполнет до 35 отсто или најмногу 1.000 луѓе“, соопшти францускиот министер за спорт Жан Мишел Бланке.

Бројката може да се зголеми до 5000 гледачи во четвртфиналните мечеви , но се тоа доколку ситуацијата со ковид-19 биде поволна.

Ролан Гарос треба да стартува на 30 мај, една недела подоцна од првично утврдениот термин.