Рускиот тенисер Андреј Рубљев се пласираше во финалето на Мастерсот во Монте Карло, откако денес го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 7:5.

Осмиот тенисер на светот стигна до своето прво финале во мастерсот по 80 минути игра.

Рублев ќе игра за трофејот во Монте Карло против Гркот Стефанос Циципас, кој денес беше подобар од Британецот Даниел Еванс со убедливи 6: 2, 6: 1.

Рускиот и грчкиот тенисер досега одиграа шест меѓусебни дуели и моменталниот резултат е 3: 3.