Руската тениска репрезентација во машка конкуренција обезбеди пласман во полуфиналето на Дејвис купот откако во четвиртфиналето славеше над Србија со 2:1.

Рубљов беше подобар од Крајиновиќ за потоа Ѓоковиќ да донесе израмнување со победата над Хачанов.  Победникот беше решен во дуелот во двојки. Троицки и Ѓоковиќ не искористија три меч топки и загубија од двојката на Русија.

Популарната „Зборнаја“ во полуфиналето ќе игра против Канда.