Само илјада гчедачи дневно ќе можат во живо да ги следат мечевите на Ролан Гарос, каде в недела започнува последниот тениски гренд слем турнир за оваа година.

Директорот на турнирот Гај Форџе ја нарече оваа одлука на француските власти „голем удар“ за турнирот во Париз.

Во оптимистичките најави организаторите во Париз се надеваа дека ќе можат да пополнат 60 отсто од капацитетот на трибините, следувае редукција од 20.000 на 11.500, а потоа и на 5.000 гледачи.