Новак Ѓоковиќ е во самоизолација откако неговиот тест беше позтивен на Ковид-19.

Србинот трпи критики за организацијата на хуманитарниот турнир „Адрија тур“, Ѓоковиќ со симболична порака на Инстаграм им се обрати на своите фанови.

„Бродовите нема да  потонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе и да ве влече на дното“ – напиша Ѓоковиќ.