Рафал Надал паузираше од тунрирот во Вашингот односно од август поради болката во стапалото и поради тоа ги пропушти Олимписките игри во Токио и УС Опен.

Шпанецот денеска отворено рече дека не знае кога ќе се врати во натпреварувањата бидејќи неговата цел е целосно да закрепне од повредата на стапалото. Она што го објави порано, сепак, најави дека нема да игра до крајот на сезоната, што значи дека неговото закрепнување е фокусирано на следната.

– Сакам да се опоравам од оваа повреда во добра состојба. Не знам кога повторно ќе играм, работам многу секој ден, следам одреден план, со обележана патна карта и со многу јасна цел – рече Надал, пренесе Еуроспорт.

– Нема да кажам кои се тие цели, бидејќи секогаш има работи што не можам да ги контролирам 100 проценти. Но, во мојата глава е јасно кои се целите и верувам дека работите ќе започнат во позитивна насока. Јас сум во процес на опоравување, на работа. Мора да бидете малку внимателни, за да погледнете на среден рок.