Бразилскиот тенисер Тијаго Сејбот Вајлд, во неделата го направи најголемиот успех во кариерата, отако го освои својот прв АТП турнир во Сантијаго.

19-годишниот тенисер славеше во финалето против Каспер Рд во три сета и стана најмладиот тенисер уште од Рафаел Надал, кој освои титула на  некој од турнирите од „Златната турнеја“ што ја сочинуваат четири турнири на земја во овој период од годината (Кордоба, Буено Аирес, Рио де Жанеиро и Сантијаго).

„Не знам од каде да почнам. Чувството е неверојатно. Рафа е играч чиј успех никој нема да го повтори во наредните 200 години. Доколку во животот успеам да постигнам барем 20 проценти од тоа што го постигна тој, тоа навистина би било неверојатно“ -изјави Сејбот.