Еден од најдолемите надежи на светскиот тенис Стефанос Циципас уште во третото коло ги заврши настапите на Австралија Опен, по убедливиот пораз од Милош Раониќ со 3-0 во сетови.

Од самиот старт, Канаѓанецот ја имаше контролата врз мечот и со по еден брејк во водедните два сета стигна до огромна предност. Циципас во третиот сет успеа да стигне до тај-брејк, кој не успеа да го добие и по не цела седмица го заврши настапот на Австралија Опен.

Противник на Раониќ во осминафиналето ќе му биде Марин Чилиќ, кој по еден маратонски меч го совлада Роберто Баутиста-Агут со 3-2 во сетови.