Откако ги искористи трите покани за учество, Кори Гоф нема право на вајлд карта за настап на овогодинешното издание на Ју-Ес Опен. Ова сепак најверојатно нема да преставува проблем за организаторот за да ги заобиколи правилата и сензацијта од Вимблдон да настапи на Грен Слем турнирот во САД.

„Ние се надеваме дека ќе ка видиме Коко во главната шема на „Ју-Ес опен“. Таа ги освои срцата на навивачите во нашата земја со настапот на „Вимблдон“. Во последнот време не се зборува доволно често за младите спортистки, како во овој случај. “. – изјави Крис Видмаер, портпаролот на американската тениска асоцијација.

Од американската тениска асоцијација потврдија дека сакаат Гоф да биде дел од Ју-Ес Опен а за ова примедби нема да има ниту од светската женска тениска асоцијација.