Победничката на овогодинешниот УС Опен, 18-годишната британска тенисерка Ема Радукану објави дека бара нов тренер по прекинот на соработката со Ендрју Ричардсон.

Претходно овој месец, Радукану го шокираше спортскиот свет со победата на УС Опен од квалификациите, без да загуби ниту еден сет.

“Ендрју Ричардсон не е веќе мој тренер. Сега потребен ми е некој со поголемо искуство. Некој кој ќе знае да се снајде во новата ситуација во која сум јас сега. Некој кој ќе ме усмери да одам по вистинскиот пат“ изјави Радукану.

Ричардсон (47) е поранешен репрезентативец на Дејвис купот и работеше со Радукану од нејзината  10 -годишна возраст.