Серена Вилијамс нема да игра на Олимписките игри. Една од најдобрите тенисерки одлучила да не патува во Токио.

Како што изјавува самата, постојат повеќе причини зошто се одлучила да не учествува на ОИ.

„Донесов одлука и постојат многу причини зошто нема да играм. Не можам сега да кажам кои се, но некој друг ден ќе откријам.“ – изјавува Серена.

Тенисерката има 39 години и злато од Олимписките игри во 2012 година.