Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс се пласираше во третото коло на Австралија Опен по триумфот над  Тамара Зиданшек со 2-0 по сетови, односно 6-2 и 6-3.

Помладата од сестрите Вилијамс на самиот старт од сетовите стиггнуваше до брејк предност, која во продолжението на истите беше удвојувана. Во третото коло Серена ќе игра против Ванг која славеше над Феро.

Пласман понатаму обезбедија и Ешли Барти, Елина Свитолина, Каролине Возниацки, Наоми Осака и Петра Квитова.