Серена Вилијамс која има 39 години ќе се врати на теренот во август на  првото издание на „Top Seed Open“ .

Од 10. до 16. август во Лексингтон, во сојузната американска држава Кентаки ќе се одржи првото издание на „Top Seed Open“.

Турнирот во Кентаки е еден од двата нови, ќе се игра и во Прага, ова го потврди раководството на ВТА.

Серена Вилијамс која е легенда на светскиот тенис со  23 Грен слем титули последен пат настапи во февруари кога играше за американската репрезентација на ФЕД купот.