И кај дамите денес на Вимблдон немаше некое поголемо изненадување. Американката Серена Вилијамс со 6-3, 6-4 славеше над Германката Гергес и во осминафинале ќе игра против Суарез-Наваро, која денес исто така во два сета триумфираше над Дејвис.

Првата носителка Ешли Барти, за нешто помалку од еден час ја совлада Британката Хариет Дарт. по сетови 6-1,6-1.

Пласман во осминафиналето обезбеди и поранешната освојувачка, Петра Квитова, која немаше проблеми во третото коло и ја совлада Линети со 2-0 по сетови 6-3, 6-2.

Пласман кај дамите во следната рунда обезбедија Риске,Мертенс и Стрикова.