Марија Шарапова во интервју за американски магазин зборуваше за карактеристиките на УС Опен каде во тек се квалификациите за главниот турнир.

„Без разлика каде се наоѓате во светот, кога ќе стигнете во Њујорк, има нешто многу возбудливо. Чувствувате како спортската публика да е зад вас, чувствувате енергија. Спортистите секогаш велат дека нема ништо подобро од вечерен меч на УС Опен, и јас целосно се согласувам со тоа.“ – истакна Шарапова.

Грен слемот во Њујорк ќе трае до 8 септември, а денес ќе бидат извлечени двојките за првото коло.