Новак Ѓоковиќ по втор пат се соочува со можна депортација од Австралија, откако по втор пат му беше укината визата за престој во Мелбурн.

Оваа одлука била донесена за зачувување на јавното здравје, посочи министерот Алекс Хавк.

Ѓоковиќ има право на нова жалба, нешто што се очекува да го направат неговите адвокати.

Засега нема одлука по однос на тоа дали ќе настапи во првото коло од Австралија Опен, ова што се однесува до организаторот на турнирот.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.